Во своето прво интервју за македонскиот медиум „Нова Македонија“, новиот руски амбасадор во Скопје Дмитриј Зиков ја повтори тезата на рускиот претседател Владимир Путин од пред неколку години дека кирилицата потекнува од македонските земји, додавајќи дека од оваа земја „светите равноапостолни просветители Кирил и Методиј и нивните ученици ја донеле светлината на православната вера кај предците на рускиот народ“.
На ова реагирапе бугарскиот историчар Проф. Павлов. Тој ги ги отфрли и тврдењата дека православната вера и просветителството кај руските предци дошле од македонските земји.
Според него, народите во денешната Руска Федерација треба да паметат од каде потекнуваат азбуката и православието – од Бугарија, пишува Трибина.мк
„Не е од македонските земји, просветителството доаѓа од Плиска и Велики Преслав. Кога Велики Преслав бил освоен од императорот Јован Цимисхиј во 971 година, голем дел од книгите од библиотеката на цар Симеон Велики биле однесени во Константинопол, а потоа подарени на кнезот Владимир од Киевска Рус. Да се поврзува тоа со денешна Москва, која тогаш не постоела, е целосна лага“, додава историчарот









