Мицкоски немал информации, ама имал чувство дека ќе се гонат поранешни премиери

0
77

Наместо да одговори на прашање за неговиот претходник и бегалец од правдата Никола Груевски, премиерот Христијан Мицкоски зборуваше за неговото чувство дека ќе се гонат поранешни високи функционери од сегашната опозиција

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека има чувство, но негираше дека има инфомации дека поранешни виоки функционери кои биле дел од владите на СДСМ ќе се соочат со прогон. Тој смета оти во државата мора да има еднакви услови за сите без разлика дали некој е сегашен или поранешен висок функционер. Воедно, наместо да одговори на прашање за неговиот претходник и бегалец од правдата Никола Груевски, зборуваше за неговото чувство дека ќе се гонат членови на опозицијата.

„Очекувам опозицијата критички да се однесува и кога високи функционери од поранешните влади на СДСМ, поранешни премиери и нивни блиски, од семејството, ќе бидат опфатени со одреден прогон. Не велам дека имам информации, имам чувство. Очекувам и тогаш дека ќе имаат вакви прес-конференции и нема да велат дека се работи за политички прогон туку ќе ги повикаат да одговараат пред органите и да ја докажат својата невиност“, рече Мицкоски.