Притворениот адвокат и екс правобранител Фехми Стафа признал вина за тоа што барал 50 илјади евра од Пецов Ѓаволот за да посредува кај апелационен судија
Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за Телма потврдија дека поранешниот државен правобранител и актуелен адвокат Фехми Стафа признал вина за делото за кое се гони и е во притвор во затворот во кумановско Кшање. Претходно веб порталот Скопје1 објави дека е склопена спогодба меѓу обвинителството и Стафа.
Од обвинителството велат дека спогодбата е склучена доцна попладнево и дека Стафа по признавање на вина за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ ќе добие една година и 3 месеци затвор. Спогодбата треба да ги помине и судските инстанци.









