Тројно убиство во Подгорица: Полицијата трага по млад маж од Рожаје

0
160

Тројно убиство се случило ноќеска во Подгорица, кога млад човек во изнајмен стан убил тројца свои колеги.

Црногорската полиција трага по најверојатниот извршител, кого го идентификувала како Вехид Муриќ, млад човек од Рожаје, место на тромеѓето меѓу Црна Гора, Србија и Косово. Полицијата го сомничи дека ги убил тројцата колеги со кои живеел во Подгорица и работел на градежништво, по што побегнал.