Скопје се простува од првата „Седмица“ кај Грчката амбасада

0
204

Седмица кај Грчката амбасада, првиот дуќан на една од најпрепознатливите скопски сендвичарници, се затвора по речиси четири децении работа, но брендот продолжува да работи на уште две локации во градот.

Веста за затворањето се однесува само на локалот кај Грчката амбасада, кој за многу скопјани беше првата асоцијација на „Седмица“ и дел од урбаната меморија на градот. Останатите две локации продолжуваат со работа, па станува збор за затворање на култната адреса, а не за крај на брендот.