Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов и четворица вработени во општината е поднесена од страна на полицијата, бидејќи издале одобрение за реконструкција спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план според кој на конкретната локација воопшто не бил предвидена градба.
Костадинов и службениците се гонат за „несовесно работење во службата“.
На една од вработените во Секторот за урбанизам дополнително на товар и се става и „злоупотреба на службената положба и овластување“.









