Ѓорѓиевски: Темелно се чисти коритото на Вардар

0
26

Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот на Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Изминатиов период, во тек е голема, координирана акција за расчистување на коритото на реката Вардар на територијата на град Скопје, заедно со пешачките и велосипедските патеки долж кејот.

Она што со години беше занемарувано и ја нарушуваше сликата за нашиот град, заминува во минатото.

Вардар е симбол на Скопје, негов белег и простор што им припаѓа на сите граѓани.

Ова не е еднократна акција, туку трајна практика.

Кејот се одржува секојдневно, затоа што скопјани заслужуваат чист, уреден и достоинствен град. Апелирам до сите граѓани да го чуваме она што е наше заедничко.

Реките, парковите и јавните простори се огледало на сите нас.

Вардар повторно ќе блесне со сјајот што му доликува на Скопје. – стои во објавата на Ѓорѓиевски.