Го прекршија законот за знамиња, за државната химна, Уставот, а навредите се домашно воспитување, вели Мицкоски за протестот за правосудниот

0
81

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека го поддржува правото на протест, но оцени дека на вчерашниот протест во Скопје, на кој се бараше правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик, биле прекршувани закони и Уставот.

„Па, видете, јас поддржувам протести секогаш, тоа е демократско право да се поддржат протести. И тука немам никаква дилема“, рече Мицкоски.

Мене лично ми пречи што протестантите коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме законот за знамињата. Законот за државната химна, Уставот и така натаму“, изјави премиерот

Мицкоски рече дека нема да ги коментира навредите и инцидентите што се случиле за време на протестот.

„Ајде, навредите нема да ги коментирам, тоа е сепак домашно воспитување што во првите 7 години од животот се стекнува, нема да го коментирам ни оној инцидент насилен којшто се случи“, додаде тој.

Премиерот спомена и, како што рече, „надворешни мешања“ во внатрешните работи на Македонија.