Баритонот Ристе Велков е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица

0
310

Баритонот Ристе Велков од Македонската опера и балет е возачот на „бмв“-то во кое загинаа четворица во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница, дознава Press24.

За истражните органи до овој момент познати се идентитетите на тројца од жртвите, а се утврдува идентитетот на четвртото лице. Станува збор за 51-годишниот баритон Ристе Велков како и две лица на возраст од 20 години со иницијали А.В и П.М.

Велков беше еден од водечките македонски баритони и еден од најхаризматичните оперски солисти.

Роден е во 1975 г. во Скопје, Република Македонија. Како реномиран солист–ПРВЕНЕЦ на Македонската Опера и Балет,тој претежно настапува во Bellcanto продукции, со што го заслужува и оправдува епитетот- италијански баритон со кадифена боја.

Средно музичко училиште Завршува во Илија Николовски – Луј во Скопје,во 1994 година,во класата на проф. Марија Николовска, смер: соло-пеење. Дипломира на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје,во 1999 година во класата на м-р проф. Милка Ефтимова, смер: соло-пеење. Магистрира со највисока оцена Cum Laude во 2011 година на истиот факултет ФМУ, во класата на м-р проф. Билјана Јовановска Јакимовска, смер: соло-пеење. Во периодот 1995-2000 година,основите на оперското пеење ги стекнува и изучува кај македонскиот тенор Гога Трајанов.Се надоградува кај драмскиот тенор Стојан Стојанов Ганчев од Загреб,кај познатаите италијанските вокални педагози Антонио Бојер и Мирела Паруто, и кај светски познатиот романски баритон Николај Херлеа.Од 2001 до 2017 година,специјализира на усовршување на вокалната техника, и изработува поголем број на водечки баритонски улоги во приватното оперско студио на легендарниот и почитуван мајстор во светски рамки,бугарскиот баритон Стојан Попов од Софија.