Малолетник бил погоден од заталкано зрно од оружје додека тренирал во школски двор во Драчево.
– На 21.05.2026 во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје. Малолетникот не е повреден, информираа од полицијата.









