Тажна вест: Почина поранешниот македонски министер и новинар

0
32

Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство.

Треневски е роден во 1949 година во Скопје и зад себе остави богата професионална кариера во новинарството, дипломатијата и државните институции.

Новинарската кариера ја започнал во Скопје, а подоцна работел во агенцијата ТАНЈУГ како дописник од Австралија и Јужниот Пацифик, каде активно ја следел македонската дијаспора. Бил и автор на повеќе публицистички дела.