Еден празнува, друг не сака да разговара со новинари. Вака реагираа дел од сопствениците на фирмите на чие градилиште во Скопје се случи одрон, а од тоа беа поткопани темели на соседната зграда, тротоарот и улицата, објави Телма.
Абдуљвехап Хусеини, кој е еден од сопствениците на „Про билдинг“ од Тетово, се правдаше дека денеска му е празник. Она на што, исто така, не сакаше да одговори е дека за него имало поднесено повеќе кривични пријави и тоа како раководител на сектор во Центарот за социјални грижи во Тетово. Раководи со сектор Права, а бил пријавен за Несовесно работење во службата. Се спогодил со обвинителството, а на државата и вратил 18.000 денари. Вработена во центарот го пријавила за мобинг, но суд пресудил во корист на Хусеини, па сега е на Апелација.
Извор ТВ Телма









