Груевски има унгарско државјанство, се отежнува можноста за есктрадиција – објавува истражувачки портал

0
53

Според анализите на порталот, позицијата на Груевски е значително посигурна по добивањето на унгарското државјанство бидејќи тоа претставува посилна правна заштита од политичкиот азил. Додека азилот може да биде укинат, одземањето државјанство е многу покомплицирана процедура и бара докажување дека било стекнато со измама или корупција

Порталот наведува дека во случајот на Груевски, со оглед дека државјанството е доделено поради „државен интерес“, евентуална постапка би можела да отвори прашања и за вмешаност на највисоки претставници на владата на Виктор Орбан

Во интервју за „360 степени“, адвокатот од Хелсиншкиот комитет на Унгарија, Жолт Секереш, коментирајќи за тоа дали воопшто има правна основа за екстрадиција на Груевски, рече дека не ја исклучува хипотезата дека, во теорија, тој би можел веќе да има унгарско државјанство. Имал право да побара такво нешто три години откако првпат добил бегалски статус. Одлуката по таквите барања е дискрециска, на унгарскиот претседател

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој од 2018 година живее во Будимпешта, добил целосно унгарско државјанство во 2022 година врз основа на „државен интерес на Унгарија“, објавиистражувачкиот портал „ВиСквер“, повикувајќи се на извори од унгарската влада.

Според порталот, Груевски и понатаму престојува во Унгарија, а добивањето државјанство значително ја отежнува можноста за негова екстрадиција во Северна Македонија.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски / Фото: Фејсбук

Унгарскиот премиер Петер Маѓар при преземањето на функцијата најави дека земјата повеќе нема да биде засолниште за меѓународни криминалци. Потоа, како што пишува порталот, двајца познати бегалци кои добиле заштита во Унгарија ја напуштиле земјата.