Ќе се реотвори ли истрагата за набавките на Мазут или ќе остане запрена ќе се знае за еден месец. Државниот обивините Ненад Савески на брифинг со новинарите кажа дека приговорот на ЕСМ се разгледува и предметот е во рацете на обвинителот Јован Цветановски од Вишото Јавно обвинителство кој беше суспендиран од претходниот државен обвинител Коцевски
Доколку Вишото обвинителство го прифати приговорот – предметот ќе се врати кај истата обвинителка, Коларевиќ
Ненад Савески: Доколку произлезат нови докази и нови околности постапката може одново да почне. Тоа е единствениот легалистички начин да дојдеме до правдата и вистината.Битно е да се истакне дека обвиненијата секогаш треба да бидат засновани врз основа на докази од кои тоа обвинение би се докажало пред судот надвор од разумно сомнение. Исто така, доколку во текот на кривичната постапка судот донесе ослободителна пресуда и таа стане правосилна тогаш тоа е пресудена работа (res judicata), појаснува Савески.
Во меѓувреме трае предистрагата за загадување од мазутот. Резултатите се добиени, но се бараат експери да ги прочитаат
„Стапено е во контакт со професор на ПМФ кој во јавноста имаше изјави дека има сознанија за читање на лабораториски анализи за загадување. Истражителите на ОЈОГОКК лично се испратени во научните институции за да се провери дали има експерти кои може да ги протолкуваат резултатите“,
Државниот јавен обвинител Ненад Савески на брифингот кажа дека ги нема фиоките полни со кривични пријави, за кои повеќепати јавно зборуваше премиерот Христијан Мицкоски
Ненад Савески: Не знам од каде ја добил премиерот Мицкоски информацијата за наводни 80 кривични пријави за кои не се постапувало, Нема ни јавнообвинителска одлука околу исказите на премиерот дека бил следен од институциите додека бил во опозиција,
Савески кажа дека се уште се собираат докази за поранешниот вицепремиер Артан Груби осомничен за проневери во Државната лотарија.
Со оглед на тоа дека притворот на Груби истекува за два месеци, Савески најави дека, ако е потребно ќе се продолжи за уште шест месеци









