Кога ќе се пушти во употреба кулата на Водно, објектот е готов уште од јануари

0
21

Градежните активности на кулата на Водно се завршени. Претседателот на Комисијата за електронски комуникации во Агенцијата за електронски комуникации, Орце Симов, сподели на „Фејсбук“ дека останува уште постапката за добивање употребна дозвола, која е во тек. Како што наведе Симов за весникот ВЕЧЕР, се очекува употребната дозвола да ја добијат овој месец.

Воедно, тој информираше и тоа дека за објектот била поднесена апликација и за награда на „Светскиот фестивал на архитекти 2026“. Како што наведе Симов, овој месец се очекува да ја добијат употребната дозвола.

Кулата на Водно почна да се гради во 2013 година и претставува еден од највисоките објекти во државата со 155 метри.

Како што објасни Симов, кулата е инфраструктурен телекомуникациски објект кој што има футуристички изглед и закривена форма.

– Се состои од повеќе компоненти, меѓу кои главно е бетонското јадро или столб, кој се наоѓа во централниот де на објектот и има височина од 115 метри. На него има монтирана челична решетка висока 27 метри на која операторите ќе ги монтираат своите антенски системи и на врвот на таа челична решетка од стана на Македонската радиодифузија ќе биде монтирана антена висока 15 метри – вели Симов.