Стоп за Усје: Инспекторатот за животна средина прекина да ги објавува извештаите од своите надзори Стоп за Усје

0
20

Иницијативата „Стоп за Усје“ обвинува дека Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) ја прекина практиката на објавување неделни извештаи за извршените инспекциски надзори, без јавно образложение и без претходна најава.

„Тие претставуваа единствен редовен механизам преку кој јавноста можеше да добие барем минимален увид во работата на инспекциските служби: каде се вршат контроли, кои субјекти се инспектирани и дали се утврдени неправилности. Оваа практика сега е прекината. Одлуката е донесена без јавно образложение, без претходна најава и без да биде предвидена во Годишните планови за работа на ДИЖС за 2024 и 2025 година, каде транспарентноста е наведена како едно од основните начела на инспекцијата“, забележуваат од иницијативата.

Од „Стоп за Усје“ побарале одговор за тоа кој ја донел одлуката, со кој акт е донесена и врз основа на каква анализа е одлучено јавноста да добива помалку информации.