Тошковски за наводната „шпионска афера“: Обвинителството го наруши принципот на тајност на постапката

0
18

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на Телма, ги појасни деталите околу текот на истрагата за наводната „шпионска афера“ во претседателскиот кабинет. Тој ги отфрли обвинувањата за бавност во постапката, нагласувајќи дека форензичката анализа на обемни докази бара време кое често ги надминува очекувањата на јавноста.

Тошковски потенцираше дека рокот од три месеци за вештачење на телефони и други дигитални докази, особено кога станува збор за организиран криминал, не е само реален, туку според експертите во фелата, е дури и „прекраток временски период“.

Министерот упати директна критика до Јавното обвинителство за начинот на кој комуницира со јавноста за овој случај. Според него, Обвинителството го нарушило принципот на тајност на постапката.