Двајца прилепчани загинаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Градско – Прилеп

0
47

Две лица го загубија животот, а едно е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот на експресниот пат Градско – Прилеп, по исклучокот за Кавадарци.

Според СВР Велес , несреќата се случила при судир помеѓу две прилепски возила- „Шкода Октавија”, управувана од Ж.Р. (51) од Прилеп и „Фолксваген Голф”, управуван од Т.М. (39) од Прилеп.

На местото на несреќата починале возачот на Шкодата и неговата сопатничка Б.Б. (42), истот така од Прилеп. Смртта ја констатирал лекар од екипа на Итната медицинска помош Кавадарци.