Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање, но следува уште една расправа

0
61

Предлог-законот за игрите на среќа помина во прво читање во Собранието. 59 пратеници дадоа поддршка за за да се воведат построги правила за работењето на казината, обложувалниците и другите приредувачи на игри на среќа.

Една од клучните измени е воведувањето забрана казина и објекти за игри на среќа да се наоѓаат на растојание помало од 500 метри од училиштата. Се предвидува и забрана за рекламирање на излозите на коцкарниците, како и забрана за реклами со кои коцкањето се претставува како начин за личен успех или брза заработка.

Уште еден собраниски филтер помина и новиот Закон против пушењето, кој предвидува поригорозни забрани и заштита од штетните последици и изложеноста на чад од цигарите.