СДСМ: „Мој ДДВ“ не работи затоа што нема пари во буџетот – граѓаните не можат да си ги вратат парите од ДДВ

0
11

Опозициската СДСМ обвини дека апликацијата „Мој ДДВ“ веќе пет дена не функционира целосно, поради што граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да го остварат правото на поврат на дел од данокот на додадена вредност.

Од партијата велат дека и покрај најавите дека системот повторно е ставен во функција, граѓаните и натаму се соочуваат со бројни проблеми при користењето на апликацијата.

„Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават“, наведуваат од СДСМ.

Според опозициската партија, проблемите со функционирањето на „Мој ДДВ“ не се случајни, туку се последица на, како што тврдат, празната државна каса и неспособноста на Владата да ги сервисира обврските кон граѓаните.