АМСМ: Зголемена фреквенција на „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ – за влез во државата се чека околу половина час

0
6

На граничните премини „Богородица“, „Дојран“ и „Табановце“ утрово има зголема френвенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 мунити, На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Во саботата, исто така, имаше зголемена фреквенција на возила на трите гранични премини на македонско-грчката граница, но во спротивен правец, односно колони возила чекаа во просек по околу 40 минути за излез од државата.

Инаку, како што додаваат од АМСМ, сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено и по суви коловози.

 

„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен“,

се вели во утринскиот извештај.

Од АМСМ препорачиваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.