46-годишниот Дарко Весковиќ, познат како Прика, е убиен вчера попладне во кафуле во белградската населба Кумодраж, а уште едно лице е тешко рането, пренесе Н1.
Според српските медиуми, по пукањето напаѓачот избегал, а полицијата започнала потрага.
Исто така, медиумите објавија дека напаѓачот откако се поздравил со Весковиќ, пукал во него. Потоа испукал повеќе куршуми и кон уште еден маж кој седел на истата маса.









