МИЦКОСКИ ГО ОЛАДИ ТАРАВАРИ – Го потсети за „Ѓока констракшн

0
113

Нема поголема гаранција за евроинтегративниот пат на државата од конечното раскинување на договорот со фирмата „Ѓока констракшн“. Со ваков жесток и директен одговор премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше синоќешната изјава на лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, кој се обиде да си ја отвори вратата за влез во Владата барајќи некакви „гаранции околу евроинтеграциите“.

Вакви работи не се разговараат преку медиуми, рече Мицкоски.

Прашан од новинарите за тоа кој бил најуспешен, а кој неуспешен министер во неговиот кабинет, како и дали има место за нови коалициски партнери, Мицкоски најави дека големиот владин ремонт е веќе започнат. Тој потврди дека во моментов интензивно траат преговорите за реконструкција на Владата и побара уште само малку трпение од јавноста, најавувајќи дека за само неколку дена сè ќе биде целосно познато и на чистина.