Наследивме катаклизма, а денес образованието и науката забрзано напредуваатд“, вели Јаневска

0
12

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на прес-конференција во Владата презентираше отчет за двегодишната работа на Министерството за образование и наука, оценувајќи дека по наследената „катаклизма“ во образовниот систем, денес образованието и науката забрзано напредуваат.

„Пред две години затекнавме катаклизма. Запревме понатамошен пад и со одговорно и посветено работење сега веќе го подигнуваме квалитетот на образованието и ја раздвижуваме науката“, истакна Јаневска.

Министерката посочи дека во изминатите две години се реализирани бројни реформи насочени кон подобрување на условите за учениците, студентите, наставниците и научната заедница.

 

Како едни од најзначајните достигнувања ги издвои системската поддршка за талентираните ученици, целосното покривање на трошоците за учество на меѓународни олимпијади, зголемениот број стипендии, развојот на стручното и дуалното образование, како и обезбедувањето навремена испорака на учебници.

„Трета година по ред, сите ученици ќе ги добијат учебниците на 1 септември, вклучително и учебниците по странски јазици кои со години недостигаа“, рече Јаневска.

Таа информираше дека е значително зголемена поддршката за учениците со посебни образовни потреби преку ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното образование и за првпат 150 асистенти во средното образование.