Соопштение на Левица во врска со поставената биста во Тетово:
Додека во Тетово, согласно со Уставот и законите, конечно се покренува постапка за враќање на легалните имиња на улиците на местото на наметнатите – радикалните структури одговараат со брутално беззаконие.
Новата биста на Исмаиљ Мехмети од УЧК во Дреновец е директен, кукавички контра-ефект и провокација за да се покаже дека за нив законите на оваа држава не важат! Станува збор за бессрамна градба без одобрение.
Го бараме одобрението за поставување на оваа биста, каде е одлуката на Советот? Каде е почитувањето на Законот за меморијални споменици?!Ова дивоградба не е уметност – ова е противправно самоволие на самиот тротоар за пешаци! Наместо слободна патека за граѓаните, Биљал Касами дозволува узурпација на јавен простор за илегално глорифицирање на тероризам.
Додека на Касами му беше подарен личен портрет токму на овој кружен тек, чиниш е некаков самобендисан „Доријан Греј“, на само неколку метри подалеку се крунисува етничкото лудило.
На тротоарот неделава никна споменик на терорист кој во 2001 година ги убиваше Македонците и ја нападна државата.Без ниту еден единствен правен докумет, без ниту еден потпис од надлежна институција! Ова веќе не е само локално самоволие, ова е класично сценарио на сила и заплашување.
Среде Македонија во 21 век ни никнуваат базени со шеријатски систем, соживотот свесно се уништува, а екстремизмот подгреан од радикалните политики на општинската власт го заменува Уставот.Прашуваме јавно: Дали Општина Тетово и Инспекторатот ќе постапат според Законот за градење и ќе ја отстранат оваа дива градба?
Дали треба да молчиме и понатаму пред ова понижување и уривање на правниот поредок, суверенитет и интегритет? Бараме итна одговорност и итно рушење на илегалниот споменик!









