Македонци ги собраа наградите и на „Хајп ѕвезди“

0
6
Screenshot

По „Ѕвездите на Гранд“, Македонци ги собраа и наградите на „Хајп Ѕвезди“.

Давид Грујевски од Јегуновце е овогодинешниот победник. Тој ќе добие награда од 50.000 евра.

Специјалната награда на стручното жири во првата сезона на „Хајп Ѕвезди“ ѝ припадна на Сања Тодоровиќ од Драчево! Со својот извонреден вокал, интерпретација и уметнички квалитет, таа го освои стручното жири и заслужено го доби ова посебно признание. Веруваме дека пред неа е успешна музичка кариера и дека ќе ги слушаме само нејзините најголеми хитови!

Слободанка Танева од Кавадарци го освои третото место.