На плажа во Пефкохори жена касната од отровната риба-зајак додека влегувала во морето

0
35
Screenshot

Жена била нападната од рибата зајак, позната и како лагокефалос, додека влегувала во морето на плажа во грчкото туристичко место Пефкохори на Халкидики.

Како што изјавила за грчката телевизија ANT1, таа била на плажа со пријатели и влегла во водата, која ѝ била до колена, кога одеднаш почувствувала силна болка во ногата.

Таа нагласила дека имала среќа, бидејќи рибата ја каснала во пределот на глуждот, каде што коската спречила подлабоко оштетување.

– За среќа, ме касна преку коската на глуждот, па забите не успеаја да навлезат подлабоко во ткивото. Сепак, ми остави голема и видлива рана – изјавила таа.

Веднаш била пренесена во локален здравствен центар кадешто примила серум против тетанус, антибиотска терапија, а раната била исчистена и санирана.