Ова се имињата на новите министри – УМС и УЖ добија нови претседатели

0
179

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски

Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински, додека министер за локална самоуправа ќе биде Иван Стоилковиќ.

Нови министри ќе добијат министерствата за правда, министерството за култура и туризам, и министерството за односи меѓу заедниците каде ќе отидат кадри од Вреди, додека министер во министерството за земјоделие, водостопанство и шумарство ќе предложи партијата ЗНАМ. Се укинува министерството за добро владеење.

– Воедно на оваа седница Извршниот комитет изгласа и нов претседател на Унијата на млади сили тоа е Тодор Коневски, млад и перспективен човек со силна енергија. Нова претседателка на Унијата на жени е Марија Митева која е и владин портпарол.