Коалицијата ВЛЕН ги презема министерствата за правда, за кулутира и туризам и за односи меѓу заедниците со најавената реконструкција на Владата. На ВЛЕН и остануваат и секторите животна средина, европски прашања и економија и труд.
Беким Сали се очекува да остане прв вицепремиер и министер за европски прашања. Функцијата вицепремиер за добро владеење која ја изврушваше Арбен Фетаи, се укинува.
ВЛЕН ќе ги преземе Министерството за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците. За Кулутира и туризам е предложен Седат Сулејмани. Министерството за односи меѓу заедниците ќе го води Агон Ферати
За нов министер за правда е предложен професорот по уставно право на Универзитетот на Југоисточна Европа, Јетон Шасивари, кој ќе го наследи Игор Филков.









