ВРЕДИ потврди: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

0
31
Screenshot

По вечерашната седница на Претседателството на ВРЕДИ, донесена е одлука претставници на коалицијата во Владата да бидат личности кои носат нова енергија, одговорност и посветеност во служба на граѓаните, информираат од партијата.

– За министер за правда е предложен универзитетскиот професор Џетон Шасивари, за министер за односи меѓу заедниците е предложен Агон Ферати, додека за министер за култура и туризам е предложен Седат Сулејмани. Во новиот владин состав продолжуваат да ги извршуваат своите функции Беким Сали како прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Бесар Дурмиши како министер за економија и труд, како и Мухамет Хоџа како министер за животна средина и просторно планирање. ВРЕДИ решително продолжува по патот на промените, носејќи нова енергија, професионални кадри и одговорен пристап кон владеењето, се вели во соопштението од ВРЕДИ.