Ригорозни казни за родителите чии деца вршат насилство, најави Јаневска

0
37

Врсничкото насилство може да запре само со заеднички ангажман на институциите, наставниците, заедницата, но пред сѐ со поголема грижа и посветеност на родителите во воспитувањето на децата. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот панел за родители одржан денеска во општина Гази Баба.

Министерката се осврна на неодамнешните немили настани и посочи дека насилството е сериозен аларм за целото општество.

„Последниот случај на врсничко насилство покажа деца со недостиг на емпатија и со изобличени вредности. Едни се изживуваат врз дете, а други стојат настрана, снимаат и се забавуваат, наместо да му помогнат и да го заштитат. Ова насилство е аларм за целото општество. Тоа е плод на недостиг на воспитна врска меѓу родителите и децата“, рече Јаневска.

Таа најави ригорозен системски одговор кон оваа појава и откри дека веќе разговарала со министерот за внатрешни работи.