Стоилковски: Додека Заев е премиер, неговите компании прават годишен обрт од 56 милиони евра

0
131

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Бизнис во Струмица велат не е можен, а можеби и во цела Македонија, ако фирмите на Заеви во тоа немаат интерес“, порача Стоилковски кој кажа дека сега се турка закон со кој што најголема заработка ќе има нарко- бизнисот, односно, како што рече, плантажите на Заеви за марихуана.

Според портпаролот на опозициската партија, компаниите на Заеви, триесетина на број, прават годишен обрт од 56 милиони евра во време кога Заев е премиер.

„Заев е должен да објасни колкава е разликата во обртот на бизнисите, обртот на пари сега и пред да стане премиер? Колкукратно е зголемен обртот на пари? Заев мора да објасни колку од семејните фирми, но и фирмите кои соработуваат со нив, добивале државна помош и колку изнесува таа помош? Колку тендери добиле и на колку тендери учествувале фирмите соработнички на заевите компании“, јавно запраша Стоилковски и додаде дека актуелниот премиер е пример за можна корупција, за политичко влијание и за моќ во бизнис релациите.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека сите политичари кои вршат јавни функции, мора суштински да се оттргнат од компаниите каде се или биле дел, бидејќи во спротивно отвораат оправдана перцепција за корупција и насочување на државната економија кон лични цели.