Драма утрово во Штип: Багер започнал да урива куќа додека семејството спиело

0
131
Screenshot

Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип, каде сопственик на семејна куќа пријавил дека дел од неговиот дом бил оштетен откако градежна механизација започнала со уривање додека тоj и неговото семејство се наоѓале во објектот.

Според неговото сведоштво, настанот се случил околу 4 часот наутро, кога багер пристигнал пред куќата и со корпата двапати удрил во ѕидот од објектот, додека семејството спиело.

Од ударите бил оштетен дел од куќата, а настанот предизвикал вознемиреност кај членовите на семејството.

Сопственикот Џенгис, во изјава за ТВ М Нет, рекол дека бил шокиран од случувањата и дека не очекувал ваков развој на настаните.Тој посочил дека нема да дозволи отстранување на оштетениот дел од ѕидот сè додека не биде извршен увид и не биде документирана состојбата на терен.