Прашањето за тоа како Северна Македонија треба да изгради доверба со Бугарија, која не ги признава македонскиот јазик и идентитет, беше во фокусот на денешната прес-конференција на еврокомесарката за проширување Марта Кос.
Новинарката Лепа Џундева посочи дека Кос и денеска, како и вчера, повторува дека Европската Унија функционира врз доверба и праша како таа доверба може да се изгради со земја членка која не ги признава јазикот и идентитетот, потсетувајќи и на унилатералната изјава доставена за време на првата меѓувладина конференција. Таа побара одговор и дали во такви околности не се оправдани барањата за дополнителни гаранции.токму на довербата ја изградила својата основа, но призна дека не постои универзален рецепт како таа се создава.
„Драго ми е што го поставивте прашањето за довербата, затоа што на тоа е изградена Европската Унија. Кога започна, таа не започна како политичка заедница, туку како заедница на челик. Тоа не беше добра политика на меѓусебни односи. Но она што го ценам, зборувам навистина за сериозното минато во доцните педесетти од минатиот век, бидејќи довербата меѓу претходните непријатели, како Германија и Франција, произлезе од довербата дека ќе ја градат заедно структурата, нешто подобро отколку да се борат меѓу себе“, рече Кос.









