ДУИ бара на седница на совет преименување на 67 улици и плоштадот во Тетово

0
21

Прес-конференција на Берат Мурати, координаторот на советничката група на коалиција НА ДУИ:

Почитувани претставници на медиумите,

Вчера, како општински советници, ги добивме материјалите за претстојната седница на Советот на Општина Тетово, која ќе се одржи во понеделник, на 13.07.2026 година.

Со жалење констатираме дека, и покрај нашето барање за одржување вонредна седница, на која ќе се расправаше за одлуката на Уставниот суд за укинување на имињата на улиците и плоштадот во Тетово од 2007 година, општинското раководство избра да го одбие ова барање.

Исто така, и покрај нашите постојани барања за донесување нова одлука за именување и преименување на улиците, за која понудивме целосна поддршка од нашата советничка група, во дневниот ред на седницата на 13 јули не е предвидена ниту расправа за ова прашање.

Поради тоа, денес советничката група на НАИ – Тетово достави барање за дополнување и изменување на дневниот ред до претседателот на Општинскиот совет. Побаравме како прва точка на дневниот ред да се стави: Предлог-одлука за именување и преименување на улиците, плоштадите и јавните површини на територијата на Општина Тетово.

Станува збор за конкретен предлог за именување на вкупно 67 улици и плоштадот во Тетово. Предлогот е изготвен со посветеност и професионалност, го одразува историскиот развој на Тетово, ги почитува сите етнички заедници, како и културното и историското наследство на нашиот град.

Во духот на соработката и институционалната одговорност, очекуваме општинското раководство да го прифати ова барање, за предлогот заеднички да го разгледаме, дополниме и усвоиме на наредната седница.

Со ова уште еднаш докажуваме дека Демократската унија за интеграција не бара непотребни полемики, туку нуди конкретни решенија за ова прашање што тешко ги погоди достоинството и идентитетот на секој граѓанин на Тетово.

 

Ви благодарам.