Кој се треба да одгововара за масовното труење во Гостивар?

0
30

Колку редовно се испитувала водата од гостиварскиот водовод, дали навремено биле предупредени и алармирани граѓаните на Гостивар за зголемениот број на вирусни заболувања,објави ТВ 24

Прашања кои треба да дадат одговори дали општинските власти и здравствените установи можеле да го спречат ширењето на епидемијата.

Здравствените власти и институции знаеле за масовното труење на гостиварци, но пет дена молчеле. Директорот на гостиварската болница Емри Бајрами за ТВ 24 изјави дека уште на 13 јули болницата се полнела со пациенти со симптоми на дијареа и повраќање.

– Пациентите со симптоми на труење започнаа да бараат лекарска помош уште минатиот понеделник 13 јули. Ние веднаш како болница за ваквата состојба ги информиравме надлежните институции, односно Центарот за јавно здравје, но и Министерството за здравство.

Епидемијата се ширела бројот на пациенти се зголемувал, но јавноста по пет дена наместо од институциите за труењето најпрвин дознаваат од медиумите и социјалните мрежи.

Од Центарот за јавно здравје Тетово без информации кога дознале за труењето и дали навремено алармирале и постапиле. Од Министерството за здравство пак тврдат дека за труењето дознале на 17 јули и веднаш постапиле согласно законот.

Јавноста на била навремено информирана за труењето, но дали реодвно се контролирала водата од градскио водовод прашање кое денеска го отвори првиот човек на здравство Сашо Клековски.

Градоначалникот на Гостивар Ваљбон Лимани накусо во телефоснки разговор за ТВ 24 кажа дека јавното претпријатие Комуналец редовно ја испитувала водата од градскиот водовод.

Тој отфрли одговорност за инцидентот, став која наиде на критика од владеачката ВМРО- ДПМНЕ. Од опозицискатѕа СДСМ пак побараа оставка од централнтие власти за како што посочија здравствениот дебакл.

За премиерот Мицковски пак институциите како никогаш досега во најбрзо време реагирале. Обвинителството вели постапува, сите одговорни за труењето во Гостивар ќе бидат сослушани, а ќе следуваат и соодветни мерки.