ВАЖНО ЗА ГОСТИВАРЦИ: Водата во Гостивар може да се користи, но само како техничка

0
14

По повеќекратни лабораториски испитувања на водата од градскиот водовод во Гостивар, надлежните соопштија први охрабрувачки вести за граѓаните.

Водата од чешмите од денеска може да се користи како техничка вода – односно за капење, туширање, миење садови, алишта и одржување на хигиената во домаќинствата, но сè уште НЕ е безбедна за пиење, ниту за подготовка на храна.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој посочи дека одлуката е донесена врз основа на последните анализи спроведени од експертските тимови на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.