Главната цевка на водоводот во Гостивар била преместена за проектот Коридор 8 на Бехтел и Енка во мај годинава

0
22

Последната поголема интервенција на водоводната мрежа во Гостивар била направена на 7 мај годинава, открива интернет порталот на јавното претпријатие Комуналец. Гостиварчани биле предупредени дека од 7 до 19 часот нема да имаат вода за тоа што поради работи на Коридор 8 од Бехтел и Енка ќе се преместува главната водоводна цевка. Дел од луѓето кои се обратија до Телма велат дека се сомневаат дека проблемите тогаш се зголемиле.

„Поради градежни активности во рамки на Коридор 8, односно дислокација на главната градска водоводна линија (Ø500 mm) од страна на компанијата Бехтел и Енка, ќе дојде до привремен прекин на водоснабдувањето. Овој прекин е неопходен за безбедно и ефикасно извршување на работите за дислокација на главната водоводна мрежа“, велат од ЈП „Комуналец“ – Гостивар

На проширувањето на делницата Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани активно се работи и тоа токму околу Гостивар. Сепак денеска на прашањата на Телма не одговорија ниту од Општината ниту од Комуналното претпријатие, а од конзорциумот Бехтел и Енка најавија одговор за тоа што точно се случувало при градежните работи. Автопатот е проект кој се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта, од каде исто така за сега одговори нема. ЈПДП и Комуналец вчера си ја префрлаа вината за тоа зошто проектот за надградба на водоводниот систем не е ставен целосно во функционија. Проблем биле 16 илјади и 500 денари, кои Комуналец му ги борчи на државното претпријатие.

Телма веќе објави дека проектот од 7 милиони евра кој го финансирал Швајцарскиот државен секретаријат СЕКО не е во целосна функција, па притисокот на водата во водоводот е слаб или делови од Гостивар немале вода. На епидемијата и претходеа протестите на жителите на Дебреше неколку денови пред да бидат вклучени пумпите кои требало да и дадат сила на водата, но ја загадија.

Извор Телма