По дејството на противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, пожарникарите на ТППЕ Велес, месно население од с.Чалошево, а и епипа со цистерна од ЈП ,,Дервен“ врз пожарот во месноста „Дорутовец“ во Велешко, опасноста е намалена, но пожарот е проширен во правец на патот Велес – Штип. Заради чадот што ветрот го носи кон автопатот, од Главниот штаб за управување со кризи е побарана поддршка од МВР за регулирање на сообраќајот согласно потреби. Состојбата се следи од Главниот штаб за управување со кризи, во координација со екипите на терен.
Инаку, во државата има и други пожари, од коишто до 18:00 часот, во ЦУК се регистрирани вкупно 9 пожари на отворен простор, при што aктивни се 4 пожари, под целосна контрола нема, а изгаснати се 5 пoжари.









