СДСМ: Над 17 милиони евра инвестирани во образование

0
129

На прав пат сме.

Владата на РСМ предводена од СДСМ ги смета образованието, обуката, истражувањето и иновациите како клучни фактори за зајакнување на националната економија и добросостојбата на граѓаните. Во овој контекст, како визија определена со Националната стратегија за образование 2018-2025 ја поставивме заложбата да се обезбеди сеопфатно, инклузивно и интегрирано образование насочено кон „ученикот” , со современи програми што овозможуваат идните генерации да се стекнат со знаења, вештини и компетенции согласно потребите на демократското мултикултурно општество, пазарот на трудот и новите предизвици во глобалниот научно-технолошки амбиент

Изминатиов период Владата на Република Северна Македонија јасно ја препозна додадената вредност во вложувањето во стручното образование и обука, затоа што инвестирањето во оваа област ја засилува социјалната кохезија и овозможува целосно развивање на потенцијалите на секој млад и возрасен човек.Потврда за тоа се официјалните податоци кои се однесуваат на стручното образование и обука, особено на учењето преку работа како концепт кој е добро прифатен и ги дава очекуваните резултати.

Имено, во рамки на Проектот за развој на вештини и поддршка на иновации поддржан од Светска банка во изминатите две години интензивно работевме на креирање нови 1.182 наставни програми за 52 профили во четиригодишното средно стручно образование, откако во периодот претходно со поддршка на Европската унија беа изготвени нови наставни програми за две и тригодишното средно стручно образование и тие веќе одлично се прифатени и ефективно се применуваат. Така што, сега веќе имаме целосно реформиран систем на средно стручно образование, а интензивно се гради и системот за признавање на неформалното и информалното учење.

Новите наставни програми се модуларно дизајнирани и се засноваат на резултатите од учење и оценување на резултатите од учењето. Истите обезбедуваат повеќе практична обука за учениците, односно се воведува учење преку работа и зголемување на часовите за практична настава, што ќе влијае на стекнувањето на поквалитетни практични вештини кај учениците.

И додека во минатото ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваше училиштата кои долги години „животареа” со блокирани сметки, СДСМ докажува дека се грижи за младите и нивната иднина во државата.

Само со проектот СКИЛС (проект за развој на вештини и поддршка на иновации) финансиран од заем од Светска банка во висина од 17.700.000 евра, од кои 8.500.000 за Министерството за образование и наука, а имплементатор е Министерството за образование и наука и сите образовни институции во нашата држава. Во тек е опремување на 25 стручни училишта со современа ИКТ опрема (смарт табли, компјутери и друга ИКТ технологија), но и современа стручна опрема на кабинети и работилници за изведување на практичната настава во стручните училишта.

Република Северна Македонија е НА ПРАВ ПАТ да изгради систем со што на младите и возрасните ќе им се зголемат можностите за вработување. Листата на активности е долга. Стручното образование и обука е високо позициониран приоритет во владината програма за работа.

Во оваа насока се планираат и нови реформи. Ќе ја издвојам интенцијата за основање на три регионални центри за стручно образование и обука кои предвидуваат креирање услови за комплетирање на формалното задолжително образование, но и можности за преквалификување како и зајакнување и надградба на практичните вештини, со што на невработените лица им се олеснува пристапот до пазарот на трудот. Центрите ќе работат и на континуиран професионален развој на наставен кадар, би работеле и со лица со посебни образовни потреби, лица на кои им е потребна валидација на претходно стекнато образование, ќе нудат образование за возрасни, поврзување на училишта со бизнис заедница.

На прав пат сме! Како одговорна партија остануваме постветени на градење квалитетни и компетентни млади и нови стручни кадри кои својата кариера и професионален развој ќе го реализираат нашата земја.

Елизабета Наумовска, претседателка на Комисијата за образование на СДСМ