Наместо полноправно членство во Унијата, на Западниот Балкан ќе му се нуди формирање на Европска економска зона. Оваа идеја од Брисел е во оптек за да се надминат актуелните фрустрации од Макрон кој ја спушти рампата на патот кон Унијата, извести порталот „Нова ТВ“.
Предлогот за компромис официјално на маса се предвидува да го понудат европските лидери следната, 2020 година. Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, па дури и Црна Гора и Србија, кои веќе ги почнаа преговорите, да добија можност за пристапување во единствениот пазар, како Норвешка и Исланд.