Српската Агенција за безбедност и разузнавање (БИА) го советуваше српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора на самитот ЕУ-Западен Балкан поради, како што тврди, висок безбедносен ризик.
„Од причини од најголема важност за задачите што ѝ се доверени на Агенцијата за безбедност и разузнавање, објавуваме дека е потребно да се огласиме дека поради непријателските активности на странските служби и криминалните кланови во Црна Гора, Агенцијата за безбедност и разузнавање официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора бидејќи е утврден висок безбедносен ризик“, се вели во соопштението на БИА.
„Звицер е во Црна Гора“
„Според нашите оперативни сознанија, Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан, е во Црна Гора. Спротивно на сите професионални и одговорни правила, безбедносната проценка, која постојано беше барана од службата домаќин на состанокот во Црна Гора, не ни е доставена“, објави БИА на својата веб-страница.
Радоје Звицер е црногорски државјанин кого полицијата и обвинителите во регионот го опишуваат како еден од водачите на кавачкиот клан, една од најмоќните криминални групи на Балканот. Тој е баран од Европол поради сомнение дека е водечки член на криминалната организација вклучена во шверц на кокаин, а неговото име е поврзано и со војната меѓу кавачкиот и шкаљарскиот клан. Неговото место на живеење е непознато.
Фото fb Aleksandar Vucic









