Брнабиќ: Ќе го молиме Вучиќ да се кандидира за премиер на Србија

0
79

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ најави дека е можно актуелниот претседател на Србија Александар Вучиќ,  на вонредните парламентарни избори,  повторно да се кандидира за премиер.Ние од СНС се надеваме и ќе разговараме со него. Тоа на крај ќе биде негова одлука но ќе разговараме со него и ќе го молиме тој да биде наш кандидат за претседател на владата. Дали ќе сака или не, ќе видиме“, рече Брнабиќ во интервју за РТС.

Вучиќ кој го завршува вториот претседателски мандат, според Уставот на Србија, нема право да се кандидира за нов трет мандат.