Најмалку 18 луѓе, вклучувајќи и четворица пожарникари загинаа во голем шумски пожар во Јужна Кореја. Пожарот зафатил 175 квадратни километри и уништил повеќе од 200 објекти. Евакуирани се 27.000 луѓе. 19 се повредени.
На терен се 4.650 пожарникари, војници и друг персонал со 130 хеликоптери. Кај Ујсеонг се урнал еден противпожарен хеликоптер. Пилотот загинал.
Огнот зафатил и древен храм од 7 век, прогласен за национално богатство.
Се истражува дека некои жаришта биле предизвикани од човечки фактор – од неконтролирано палење трева или заварување.









