Немири избувнаа во Милано за време на денешниот протест за Газа, кои ескалираа на Централната железничка станица, каде што група демонстранти се судрија со полицијата.
Млади мажи облечени во црно се обидоа насилно да влезат во метро станица, уништувајќи го влезот на станицата и повредувајќи десетици луѓе. Поради хаосот, возовите беа пренасочени од станицата Централе повеќе од еден час, пишува италијанскиот весник „Ла Република“.
Во судирите беа повредени околу шеесет припадници на безбедносните сили, од кои 23 беа однесени во болница, додека десетина демонстранти беа приведени.
Службата за брза помош во Милано, исто така, им пружила помош на дванаесет учесници на протестот, на возраст од 23 до 54 години.
Групата, која броела околу стотина луѓе, употребила противпожарен апарат и поставила канти за ѓубре како барикади, продолжувајќи да фрла шишиња и канистри кон полицијата.









