Владата донесе одлука за отворање на Генерален конзулат во Корча

0
542

Конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора

На предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Владата на денешната седница донесе одлука за отворање на Гелерален конзулат во Корча, Албанија.

Конзулатот ќе биде со јурисдикција во Корча, Мала Преспа, Подградец, Голо Брдо и Гора.

„Граѓаните мора да имаат брз и ефикасен сервис и услуги, поддршка за културни, образовни и економски врски“,

се наведува во владиното соопштение.

За одлуката на Владата попладнево на својот фејсбук-профил инофмира и министерот Тимчо Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија посочи дека со отворањето на генералниот конзулат, македонските граѓани кои живеат во Корча, Мала Преспа, Поградец, Голо Брдо и Гора ќе добијат побрз и полесен пристап до конзуларните услуги, како и поддршка за културни, образовни и економски врски.

„Грижата за Македонците во Албанија не ја покажуваме со зборови, туку со конкретни дела. Целиме кон посилна грижа за интересите на нашите граѓани. Брз, достапен и квалитетен сервис“,

вели Муцунски.