ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ – Милошоски вели тоа го потврдува во изјава и британскиот амбасадор во земјава

0
168
Screenshot

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ, а тоа, како што рече денеска на прес -конференција пратеникот Антонијо Милошоски, во изјава го потврдил и амбасадорот на Oбединетото кралство во земјава.

– Британија откако излезе од ЕУ со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ  склучува вакви договори каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс за борба против организирана, нелегална, миграција….Тоа го прави со овој дополнителен механизам кој е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови од на некои опозициони партии од изјавата на британскиот амбасадор кој изјави дека Британско – македонскиот стратешки договор предвидува и потврдува  инвестирање во инфраструктура, во образование  и во одбрана, но не предвидува во Македонија изградба на бегалски кампови во Македонија – рече Милошоски.