Ганиу: Дивоградбите во Чаир ги затекнавме, чесната жена од Град Скопје манипулира во корист на ДУИ

0
195

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу одговори на обвинувањата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако таа преку фејсбук-статус побара негово апсење поради, како што наведе, „злосторничко здружување, фалсификување јавни исправи, перење пари, злоупотреба на службена должност и загрозување на безбедноста на граѓаните на Чаир“. Тој ги негираше обвинувањата на Арсовска и ја обвини дека врши политичка манипулација во корист на ДУИ.

За сите овие акти моите адвокати работат за да има тужби за невистините што ги зборува. Чесната жена од Град Скопје манипулира. Во Чаир во 2005 година, кога градоначалник станува Изет Меџити, имаше 13.000 дивоградби или над 75% од сите објекти во Општина Чаир беа дивоградби. Ние тоа го затекнавме. И таа го употребува често дека 13.000 дивоградби се во мое време. Не е вистина дека тие објекти што се изградени дека се на земјиште на државата. Чаир е 3 квадратни километри и сопственоста е на некого. Нема РМ земјиште или многу малку. Другото, 150 згради што таа ги објавува се невистини. Најновата лага што ја зборува е дека има 50 нови темели во Чаир. Сите овие се лажни тврдења со цел мегафонот на ДУИ да ме дискредитира“, реагира Ганиу.