Генерален штајк во М-НАВ – македонското небо ќе се “затвори“ на 20 ти октомври, директорот молчи

0
233

Ден по првиот круг од локалните избори на 20ти октомври во периодот од 10 до 15 часот,  македонскиот воздушен простор ќе се затвори за авионски сообраќај. Синдикатот објави генерален штрајк на контролорите на летање.

Одлуката според Струковиот Синдикат на контролори на летање е поради  неисполнетите барања и дадени ветувања кои останале само на хартија. Од Синдикатот велат дека системот е нефункционален поради недостиг на кадар.

Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контролори на летање

– Токму поради тоа што не се случува ништо ние решивме да го реактивираме штрајкот, сите оние претходни разговори и дискусии и преговарање дека одредени наши барање беа спогодбено договорени и беа предуслов за ставање на тогашниот штрајк во мирување.Тогаш требаше да почнат да ги реализираат но за жал поминаа три месеци и ниту нешто е почнато ниту завршно и не гледаме причина дека треба да им оставиме време.