ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ЛЕРИН СТОПИРА КОНЦЕРТ ОТИ СЕ ИЗВЕДУВАЛА ПЕСНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

0
252

Изведба на македонска народна песна причина за несогласувања меѓу македонската заедница во Лерин и општинските власти. Инцидентот се случил за време на празничната прослава на Коледе, кога музичкиот бенд „Ендопика“ се обидел да изведе македонска народна песна, но настапот бил прекинат по интервенција на градоначалникот Василеос Гианакис.

Според сведоштвата на присутни граѓани, на манифестацијата биле изведувани повеќе традиционални и современи музички композиции. Меѓутоа, кога бендот започнал со изведба на македонската народна песна „Софка на татко“, градоначалникот реагирал и побарал изведбата веднаш да биде прекината. На музичарите им било укажано да не продолжуваат со пеење на македонски јазик, туку доколку сакаат да ја изведат композицијата, тоа да го сторат исклучиво во инструментална форма.

Според активистот и член на партијата „Виножито“, Павле Васкопулос, овој инцидент не претставува изолиран случај. Во изјава за Телевизија 24, тој истакна дека Македонците во Леринско, Костурско и Воденско подолг временски период се соочуваат со различни форми на институционален и општествен притисок од страна на грчките власти